Италијанскиот фудбалски тим Милан во рамките на првата рунда од Нокаут фазата во Лигата на Европа ќе игра против белградска Црвена Звезда.
Првиот натпревар помеѓу овие две екипи е закажан за во Белград и тој ќе се одигра на 18. февруари. „Газета дело Спорт“ сега тврди дека тренерот Стефано Пиоли за овој натпревар има намера да го одмори Златан Ибрахимовиќ.
Причината е поради тоа што Милан само три дена после натпреварот со Звезда го игра градското дерби со Интер.
Местото на Ибрахимовиќ веројатно ќе го превземе Марио Манџукиќ.