понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Милан до крајот на сезоната останува без еден од најдобрите играчи

Милан до крајот на сезоната останува без еден од најдобрите играчи

Италијанскиот фудбалски шампион Милан објави дека ќе остане без алжирскиот играч за врска Исмаел Бенасер (25) поради повреда на коленото здобиена на првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите против градскиот ривал Интер.

Бенасер мораше да го напушти теренот во 18. минута поради повреда, а денешниот преглед покажал дека Алжирецот мора да оди на артроскопска операција на десното колено.

Тој беше еден од најдобрите играчи на Милан оваа сезона, во Лигата на шампионите постигна клучен гол против Наполи во првиот натпревар.Интер и Милан го играат реваншот следниот вторник, формално Интер ќе биде домаќин на Сан Сиро.