вторник, 27. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Милан добива нови американски сопственици за 1,3 милијарди евра

Милан добива нови американски сопственици за 1,3 милијарди евра

Италијанскиот фудбалски клуб Милан е на само еден чекор до „скудето“, треба да остане непоразен против Сасуоло и да ја врати титулата после цели 11 години на „Сан Сиро“.

Одличните игри на тимот не останаа незабележани и од инвеститорите. Долго се плете мрежа за продажба на Милан, а сега во игра се нови инвеститори од САД.

Американските сопственици на Милан, „Elliott Management Corporation“ веќе извесно време преговараат со потенцијални нови клиенти. Според италијанските медиуми, сега компанијата „Redbird“ е подготвена да плати 1,3 милијарди евра за да го преземе раководењето со Милан.

Иако претходно имаше сериозни инвеститори и од Бахреин, сега во приказната влета компанијата „Redbird“ , кој е подготвена да плати дури 1,3 милијарди евра. Таа сума може да се искачи на 1,8 милијарди евра во наредните години, наведуваат италијанските медиуми.

Сопственик на групацијата која се подготвува да го преземе Милан е американскиот претприемач Гери Кардинале. Тие исто така имаат удел од 750 милиони евра во „Fenway Sports Group“, компанија која е еден од акционерите во англискиот Ливерпул.