Фудбалскиот клуб Милан не дозволи изненадување во последното коло од Серија А и со убедлива победа од 0-3 на гостувањето против Сасуоло дојде до шампионската титула во Италија.
„Миланезите“ триумфот и новата титула во Серија А го најавија со двата брзи гола на Жиру во 17 и во 32. минута.
Конечните 0-3 ги постави Кејси во 36. минута по што беше јасно дека трофејот ќе биде црвено-црн.
Интер запиша пирова победа од 3-0 против Сампдорија, но на крај мораше да се задоволи со втората позиција на табелата.