среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Милан е подготвен да му плаќа на Леао шест милиони евра годишно

Милан е подготвен да му плаќа на Леао шест милиони евра годишно

Италијанскиот фудбалски шампион Милан и Рафаел Леао преговараат за продолжување на договорот. Фудбалерот сака да добие најмалку седум милиони евра, објави новинарот Николо Шира.

Според него, Реал Мадрид, ПСЖ и Манчестер сити се заинтересирани за 22-годишниот Португалец. Сепак, Милан не планира да се раздели со играчот, па продолжува да преговара за продолжување на соработката.

Претходно, Леао и неговиот агент Жорге Мендеш одбија договор со плата од 4,5 милиони евра годишно, барајќи седум. Сепак, миланезите се подготвени да платат само шест милиони. Актуелниот договор на напаѓачот истекува за две години.

Во сезоната 2021/22, Леао постигна 14 гола и направи 12 асистенции на 42 натпревари.