вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Милан го чека Реина на прегледи

Милан го чека Реина на прегледи

Голманот на Наполи, Пепе Реина, денеска ќе замине на прегледи во Милан.

Според „Скај Спорт Италија“, Шпанецот ќе ја помине првата фаза од тестовите и неговиот договор со „росонерите“ ќе следи веднаш потоа.

Шпанецот ќе стане слободен агент на крајот од сезоната, бидејќи има договор со Наполи за уште 6 месеци. Сепак, не е јасно дали Реина (34) сака да биде резерва на Џанлуиџи Донарума. Исто така, не недостасуваат гласини за трансфер на младото момче.

За волја на вистината, пред неколку години Реина одигра слична улога во Баерн Минхен, каде што апсолутен бр.1 беше Мануел Ноер.