недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Милан го продолжи договорот со својот дефанзивец до 2027 година

Милан го продолжи договорот со својот дефанзивец до 2027 година

Дефанзивецот на фудбалскиот клуб Милан, Пјер Калулу го продолжи договорот со „росонерите“ до 2027 година.

22-годишниот Французин се реши да остане на „Сан Сиро“ и во следните пет години, откако во 2020 година дојде во тимот од Милан.

Калулу се наметна како еден од најдобрите стопери, и беше еден од заслужните за титулата освоена минатата сезона.