Милан во следниот период ќе биде продолжување на договорот на најголемата ѕвезда на тимот, Рафаел Леао.
Преговорите со агентите на Леао се во застој бидејќи после освоеното Скудетото апетитите на Португалецот значително пораснаа.
Леао сака да биде меѓу најплатените во Серија А и ја одби понудата на „росонерите“ од 5 милиони евра по сезона.
„Тутоспорт“ пренесува дека новиот сопственик дал дозвола да се подигне понудата на 6,5 милиони плус 1 милион како бонус, што е приближно на сумата која ја бараат агентите на Леао.
Двете страни сега се блиску до договор и наскоро се очекува Леао да стави потпис на нов договор.