петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Милан има 14-годишно чудо од дете, даде дури 485 гола на 89 меча!

Милан има 14-годишно чудо од дете, даде дури 485 гола на 89 меча!

Франческо Камарда е млад италијански фудбалер кој има светла иднина, ако се суди според монструозните бројки на постигнати голови кои ги има во младите категории. Камарда има само 14 години, а постигнал неверојатни 485 гола на 89 настапи, пишува СпортМанија.

Италијанците веќе го најавуваат како нов Ерлинг Халанд или Јусуфа Мукоко. Во минатата сезона, Камарда на Милан му ја донесе титулата за играчи до 15 години, даде 22 гола на 25 меча против две години постарите од него, а го даде и голот за победа од 1-0 над Фиорентина во финалето на плејофот.

И сезонава е прв стрелец, а игра за У-16 тимот на Милан. Иако пак игра против повозрасни од себе, има 11 гола на 8 меча.

Тренерот на вториот тим на Милан кој игра во Примавера, Игнацио Абате, му даде шанса на Камарда да заигра и сениорски дуел против италијански петтолигаш на пријателски меч, а тинејџерската гол-машина одговори со два гола.

Во дебито за У-15 репрезентацијата на Италија направи хет-трик за 23 минути, а на првиот меч за кадетите (до 16 години) не даде гол, но имаше атрактивен потег со пета.

Тренира и кикбокс, идоли му се Ибрахимовиќ и Кака. Не е премногу далеку денот кога ќе заигра и за првиот тим на Милан, запамтете го името Франческо Камарда, пишува порталот.