вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Милан ја активира откупната клаузула на „турскиот Меси“

Милан ја активира откупната клаузула на „турскиот Меси“

Италијанскиот фубалски клуб Милан е блиску до договор со Њукасл за трансфер на Сандро Тонали вреден преку 70 милиони евра, зделката ќе ги раздвижи трансфер активностите на „росонерите“ кои ќе се обидат да донесат неколку фудбалери.

Њукасл силно притисна за ангажман на Сандро Тонали, се говори дека играчот веќе прифатил плата од 8-10 милиони евра по сезонa, па сега клубот од Сент Џејмс Парк со Милан ќе ги пегла деталите за трансфер вреден помеѓу 70 и 80 милиони евра.

Зделката ќе ги раздвижи трансфер активностите на Милан и „росонерите“ веќе кројат планови како ќе ги трошат парите.

Претходно се говореше за ангажман на Давиде Фратези од Сасуоло и Сергеј Милинковиќ Савиќ од Јувентус, а последните информации говорат за активирање на откупната клаузула на големиот талент на Фенербахче, Арда Ѓулер.

18 годишното момче, кое многумина го нарекуваат „турскиот Меси“, има откупна клаузула од 17,5 милиони евра и Милан сега е подготвен да ја плати оваа сума.