Милан ќе се обиде да ја спаси кариерата на Лука Јовиќ. Српскиот напаѓач беше привлечен со големи очекувања од Реал Мадрид на почетокот на сезоната, но не успеа да ги оправда платените скоро 60 милиони евра за него.
Јовиќ не успеа да ја искористи својата шанса на „Бернабеу“, па може да си ја проба среќата на друго место. Така, Милан стигнува до младиот Србин. Според „Ел Мундо Депортиво“, „росонерите“ се подготвени да го позајмат Јовиќ за две сезони.
И самиот Јовиќ сака да се пресели во Милано и повторно да се соедини со Анте Ребиќ, со кого оформи силен напад во Ајнтрахт Франкфурт. В
о сезоната 2018-2019, Србинот постигна 27 гола за германскиот клуб.