среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Милан ќе им понуди нови договори на Бенасер и Леао

Милан ќе им понуди нови договори на Бенасер и Леао

Минатиот месец италијанскиот фудбалски клуб Милан го продолжи договорот со Тео Ернандез до 2026 година, а истото се очекува да го направат со Исмаел Бенасер и Рафаел Леао.

Овие двајца играчи сезонава покажаа дека имаат огромен потенцијал да бидат меѓу најдобрите светски фудбалери.

Бенасер се очекува да потпише во следните две недели, а Леао можеби по завршувањето на сезоната.

Кај двајцата фудбалери има расположение да продолжат во таборот на Милан иако за нив има огромен интерес од европските гиганти.