Италијанскиот фудбалски клуб Милан сака да се засили во пресрет на новата сезона во Серија А и во Лигата на шампионите, но исто така и да ги задржи постоечките фудбалери кои по повеќе од една деценија ја вратија титилата на „Сан Сиро“.
Еден од клучните играчи е Рафаел Леао, на кого ќе му биде понудено продолжување на соработката.
23-годишниот Португалец пристигна на Сан Сиро пред две години, а оваа сезона буквално експлодира и беше избран за МВП на сезоната во Серија А. „Росонерите“ на офанзивецот му нудат тројно зголемување на платата, договор до 2027 година, но исто така и отштетна клаузула од 200 милиони евра.