Фудбалскиот клуб Милан не сака договор што вклучува размена на играчи со актуелниот шампион Јувентус, пренесуваат италијанските медиуми.
Постоеше можност Федерико Бернардески да премине во Милан, а во Јувентус да дојде Алесио Ромањоли, но таквата размена е отфрлена како опција поради разликата во примањата на двајцата фудбалери.
Како што објавија медиумите, Бернардески заработува многу повеќе од Ромањоли и главна трансфер цел на Милан ќе биде капитенот на Наполи, Лоренцо Инсиње. Тој има договор со прволигашот од Неапол до јуни 2022 година.