петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Милан плаќа над откупната клаузула за да го победи Реал до потписот на талентираниот Ѓулер

Милан плаќа над откупната клаузула за да го победи Реал до потписот на талентираниот Ѓулер

Турскиот весник Фанатик пишува за стратегиите на Реал Мадрид и Милан кои се надмудруваат на трансфер пазарот и се обидуваат да стигнат до потписот на талентираниот Арда Ѓулер.

18 годишниот Арда Ѓулер важи за голем талент, многумина го сметаат за „турскиот Меси“ и се очекува ова лето да ја промени средината.

За неговите услуги подолго време интерес пројавуваат клубови како Салцбург, Лајпциг, Севиља, Борусија Дортмунд но и Реал Мадрид, Барселона и Милан.

Турскиот весник Фанатик пишува за стратегиите на гигантите и како тие се надмудруваат со цел да стигнат до потписот на Арда Ѓулер.

Реал Мадрид е подготвен да ја активира откупната клаузула во неговиот договр вредна 17,5 милиони евра и да го остави на позајмица во Фенербахче уште една сезона.

Милан пак е подготвен да плати над откупната клаузула односно околу 22 милиони евра, плус бонуси, плус на Фенербахче да му даде процент од следната продажба.

Секако, на крајот треба да одлучи и Арда Ѓулер и да го одбере проектот кој најмногу му одговара.