Напаѓачот на Салцбург, Ерлинг Холанд е пред големи искушенија во зимскиот преоден рок да го напушти австрискиот тим.
Според „Спортиталија“, Милан е последниот клуб кој искажува сериозен интерес за Норвежанецот.
Се шпекулира дека „миланезите“ се подготвени да му понудат договор на Холанд со годишна плата во висина од 5,5 милиони евра.
За 19-годишниот фудбалер се заинтересирани уште и: Барселона, Јувентус и Борусија Дортмунд.