четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Милан се откажува од седум фудбалери

Милан се откажува од седум фудбалери

Една сезона по освоената титула, Милан влегува во актуелната завршница без сигурно место во Топ 4, а раководството планира да направи многу промени во летниот преоден рок.

Позицијата на тренерот Стефано Пиоли не е воопшто сигурна, а Милан ќе се раздели и со повеќе фудбалери во текот на летото.

„Кориере дело Спорт“ тврди дека на излезна врата се седум фудбалери, меѓу кои и неуспешното засилување, Дивок Ориги. Милан нема да ја продолжи соработката со позајмените Бакајоко и Дест, а слично нешто го очекува и Вранкс, за кого „росонерите“ не планираат да му платат 12 милиони евра на Волфзбург.

Бало-Туре и Месијас исто така нема да бидат во плановите на стручниот штаб, додека Адли ќе биде испратен на заем, бидејќи не може да се избори за соодветна минутажа, – вели италијанскиот медиум.