вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Милан со посебен дрес на Шевченко ќе собираат пари за Украина

Милан со посебен дрес на Шевченко ќе собираат пари за Украина

Италијанскиот фудбалски гигант Милан објави неколку иницијативи за собирање на пари за помош на бегалците од Украина, вклучувајќи посебен дрес дизајниран во соработка со легендата на клубот, Андриј Шевченко.

Легендата на украинскиот фудбал Шевченко неодамна објави порака за мир пред полуфиналето од Копа Италија со Интер, а сега „росонерите“ во соработка со Црвениот крст ќе организираат аукција за собирање на средства.

Клучниот дел од иницијативата е новиот дрес наречен „Специјална едиција – Манчестер 2003 за Украина“, со дресот со број 7 на Шевченко кој го носеше кога го постигна одлучувачкиот пенал против Јувентус во финалето на ЛШ на „Олд Трафорд“ во 2003 година. На дресот ќе ги има и боите на украинското знаме со порака „АЦ Милан за мир“.