понеделник, 1. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Милан во проблем, Флоренци во “аут” пет месеци

Милан во проблем, Флоренци во “аут” пет месеци

Италијанскиот шампион Милан соопшти дека Алесандро Флоренци долго време ќе биде надвор од фудбалските терени.

Флоренци се повреди на мечот против Сасуоло и се очекуваше набрзо да се врати на терените, но повредата се покажа потешка од предвидувањата.

Италијанецот денес се оперираше во Финска, а Милан соопшти дека периодот на рехабилитација ќе трае 5 месеци.

Милан пред затворањето на преодниот рок донесе негова замена во името на Сержињо Дест од Барселона.