четврток, 18. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Милан во трка за Доменико Берарди

Милан во трка за Доменико Берарди

Италијанскиот весник „Кориере дело Спорт“ открива дека главната трансфер цел на Милан на лето ќе биде Доменико Берарди од Сасуоло.

Милан сака да ја засили десната крилна позиција, а најголема желба на тренерот Пиоли е токму Доменико Берарди.

Берарди игра уште една одлична сезона и до сега има постигнато 10 гола и 11 асистенции, па и самиот е спремен да направи чекор напред во кариерата.