Тимот од Салерно го шокираше Милан и освои бод, иако на крајот може слободно да се каже дека „росонерите“ беа тие што спасуваа глава, бидејќи гостите од Милано постигнаа гол за 2:2.
Месиас погоди за водство од 0:1 уште во раната фаза и тогаш се чинеше дека Милан ќе оствари рутинска победа, но наместо тоа, следеше храбра игра од Салернитана и пресврт.
Бонацоли со атркативен гол израмни на 1:1, додека во вториот дел, топката прво заврши во мрежата на Милан откако Ѓуриќ беше најснаодлив во шеснаесетникот на гостите.
Ова се случи во 72-та минута, но пет минути подоцна, Анте Ребиќ биеше прецизно од дистанца и ги постави конечните 2:2.
Милан останува лидер со два бода предност пред Интер, но „нераѕурите“ имаат два меча помалку и можат повторно да избијат на врвот во Серија А.