Милан славеше со 2-1 против Интер во големото градско дерби како дел од 24. коло во италијанската Серија А.
Домаќините поведоа во првото полувреме со голот на Иван Перишиќ во 38. минута, резултат со кој се замина на пауза.
Во вториот дел „нероаѕурите“ го контролираа резултатот се до 75. минута кога на сцена стапи Оливие Жиру кој прво израмни на 1-1, а само четири минути подоцна донесе голем триумф за својот тим.
До крајот за издвојување е само уште црвениот картон на Тео Хернандез во 96. минута.
Со оваа победа „росонерите“ се приближија на само бод негатива зад големиот ривал кој себично го држи врвот во калчолигата.