На прес-конференција, селекторот на нашата фудбалска репрезентација Благоја Милевски го објави списокот на повикани фудбалери за престојниот старт во квалификациите за Евро 2024 против селекијата на Малта. На списокот има проверени фудбалери, но и неколку нови имиња. За очекувањата од превиот меч во квалификациите Милевски истакна:
„Што се однесува до репрезентацијата на Малта се знае дека аутсајдери не постојат во денесен фудбал. Ние нашиот квалитет мора да го покажеме на терен. Ме радува што се очекува од нас победа и ќе напраиме се што е во наша можност со успех да ги стартуваме овие квалификации. Факт е дека одреден број на играчи, особено оние кои ни се носители, немаат голема мунутажа, а да не зборуваме за натпреварувачка форма. Изборот е тој, играчите се тие, немаме голем избор. Костадинов, Серафимов и Дориев поради повреди, Тодоровски поради црвен картон со Бугарија отпаднаа. Николов и Спировски поради лоша форма не се тука, но не значи дека се избришани. Давор Здравковски со своите настапи заслужи повик. Се наогаме во многу тешка група. Се знае квалитетот на Италија, Англија, Украина, но и Малта е одлична репрезентација. Го победија Израел и одиграс нерешено со Грција. Но Македонија има квалитет да се носи и со поквалитетни селекции“, изјави селекторот Милевски.
Собирот на репрезентацијата е в недела на 19 март.