Македонската фудбалска репрезентација до 21 година на 3 јуни во словенечки Терме Чатеш ќе одигра контролен натпревар против селекцијата на Словенија.
За овој натпревар селекторот Благоја Милевски ги повика следниве фудбалери:
Голмани: Давид Денковски, Дамјан Серафимов и Иван Николовски.
Одбрана: Филип Алексовски, Александар Ѓурковски, Марио Младеновски, Метју Божиновски, Марко Стојчевски, Божидар Митревски, Бесир Исени, Ардијан Беќири, Анатолиј Петејчук.
Среден ред: Агон Елези, Бојан Димоски, Бесник Ферати, Енис Фазлагиќ, Флорент Рамадани, Лука Станковски, Томче Гроздановски, Лука Здравковски, Давид Манасиевски.
Напад: Марко Ѓорѓевски, Марио Илиевски, Методи Максимов, Арби Воша, Јакуп Бериша, Амел Рустемоски и Лука Трајкоски.
Подготовките започнуваат на 26 мај, а ќе бидат поделени во два дела. Селективна фаза по која селекторот Милевски ќе одлучи кои 24 фудбалери ќе бидат дел од главната подготвителна фаза и натпреварот со Словенија на гостински терен.