Фудбалерот на Ливерпул, Џејмс Милнер стана рекордер по бројот на асистенциите во Лигата на шампионите.
Милнер синоќа во триумфот над Рома ја оствари деветтата асистенција оваа сезона и изби на првото место на вечната листа.
До ова достигнување доаѓа по точно 701 минута одиграни најсилното клупско континентално натпреварување.
На делба на втората позиција со по осум асистенции во една сезона се Вејн Руни како играч на Манчестер Јунајтед (сезоната 2013/14) и Нејмар кога настапуваше за Барселона (2016/17).