На денешната програмата во Лигата на шампионите вечер фудбалските фанови ќе може да уживаат во првиот полуфинален натпревар меѓу Ливерпул и Рома. Нема сомнение дека тоа ќе биде една убава фудбалска претстава, што и не може да биде обратно ако се знае дека станува збор за два од најдобрите четири тима во Европа оваа година.
Сепак, овој меч ќе биде и будење на една стара рана за фудбалерите и фановите на Рома, навраќање на спомените на финалето од Лигата на шампионите, тогаш Куп на европските шампиони од 1984 година.
Откако мечот заврши со 1:1, на пеналите победник беше Ливерпул, кој тогаш стигна до својот четврти најсјаен европски пехар, за кој потоа чекаше цели 21 година и го освои во 2005 година, во според многумина најубавата финална претстава во Истанбул. Тогаш Ливерпул на полувремето губеше со 3:0, за во второто полувреме да израмни на 3:3 и на крајот да го освои трофејот по подоброто изведување на пенали.
Трофејот кој Ливерпул го освои во 1984 година може да се каже дека е во сенка на трагедијата која таа победа, или подобро кажано пораз на Рома ја донесе.
Имено, поради клиничка депресија предизвикана токму од поразот од Ливерпул, на 10-годишнината од финалето, на 30 мај 1994 година, капитенот на Рома на тој натпревар, Агостино Ди Бартоломеи извршува самоубиство пукајќи си во пиштол.
Фановите на Рома сега сонуваат победа во двомечот со Ливерпул, не само поради тоа што нивниот тим ќе има шанса да се бори за најсјајниот европски трофеј, кој би бил прв во нивната историја, туку и во чест на капитенот на екипата која го изгуби финалето на Лигата на шампионите кое Рома го изгуби.