сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

МОЌНО ВИДЕО за крај на кариерата на Буфон: Се повлекува од фудбалот, но останува во срцата на фановите

МОЌНО ВИДЕО за крај на кариерата на Буфон: Се повлекува од фудбалот, но останува во срцата на фановите

Италијанскиот голман Џанлуиџи Буфон објави дека се повлекува од фудбалот.

– Па, тоа е тоа момци! Вие ми дадовте сè. Јас ви возвратив. Го направивме тоа заедно“, напиша Буфон на своите социјални мрежи приложувајќи видеоклип од моменти за паметење.

Буфон последните две сезони ги помина во Парма, тим од Втората лига на Италија. Претходно, 45-годишниот голман настапуваше за Јувентус и ПСЖ. Вкупно во кариерата одигра 975 натпревари и прими 825 голови. На 429 средби не примил ниту еден гол.

Буфон за Италија бранеше од 1997 година. Учествуваше на 176 средби.

Со Јувентус голманот 10 пати го освојуваше италијанското првенство, пет пати националниот куп и шест пати Суперкупот, со ПСЖ – француското првенство 2018/19 и Суперкупот. Со репрезентацијата на Италија Буфон стана светски шампион (2006). (МИА)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Juventus (@juventus)