четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Монтела откри како ќе го сопре Баерн

Монтела откри како ќе го сопре Баерн

Тренерот на Севиља, Винченцо Монтела, на прес-конферецијата пред четвртфиналниот дуел од Лигата на Шампионите против Баерн Минхен, откри како ќе го запре баварскиот колос.

– Баерн се силни во тоа да постигнуваат голови и да ја држат топката во свои нозе. Па така ние треба да сме оние, кои ќе го правиме тоа, за да не им дадеме можност тие да играат на начинот на кој можат. Банега нема да игра и ние губиме играч со докажани квалитети. Не можеме да го промениме тоа, но сигурен сум дека оној кој го замени, ќе успее да се справи, изјави тренерот на Севиља.

Монтела смета дека за натпревар против тим како Баерн треба да се биде максимално поготвен од физичка и психолошка гледна точка.

– Ние веќе го елиминиравме Манчестер Јунајтед и не ни останува ништо друго освен да даваме се од себе до последниот натпревар. Сакаме да испишеме историја заедно со нашите навивачи, кои секогаш се со нас, додаде тренерот на шпанскиот тим.

Средбата помеѓу двата тима е утре во 20:45 часот на стадионот „Рамон Санчез Писхуан“ во Севиља.