вторник, 6. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Монтоливо објави крај на кариерата и за тоа го обвини Милан

Монтоливо објави крај на кариерата и за тоа го обвини Милан

Играчот од средниот ред Рикардо Монтоливо објави дека ја заврши професионална кариера. Негов последен клуб беше Милан.

– Од овој момент завршив да играм фудбал професионално. Ќе продолжам да живеам во Милано со семејството. Не знам што ќе правам следно. Може да се каже дека Милан ме натера да ја завршам кариерата. Јас дури и немав можност да се збогувам со навивачите по седум години, изјави Монтоливо за „Кориере дело спорт“.

Минатата година Монтоливо (34) нема ниту еден настап за Милан, додека 26 натпревари има одиграно во сезоната 2017/18 кога постигна три гола и две асистенции.

Претходно, тој играше и за Фиорентина и Аталанта. Со Милан го освои италијанскиот Супер куп во 2016 година.