сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Мората би можел да се пресели во Милан

Мората би можел да се пресели во Милан

Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Алваро Мората може да направи трансфер во Милан, објави „Goal.“

Раководството на актуелниот италијански шампион е заинтересирано да ангажира играч кој има искуство со играње во Серија А.

Мората двапати играше за Јувентус, од 2014 до 2016 година и од 2020 до 2022 година.

Триесетгодишниот Шпанец оваа сезона забележа 42 настапи за мадридскиот клуб постигнувајќи 15 голови и три асистенции.