недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Мората искрено за неговата иднина во Јувентус: Сакам да бидам…

Мората искрено за неговата иднина во Јувентус: Сакам да бидам…

Алваро Мората беше стрелец за Шпанија на вчерашниот дуел против Поругалија во Лигата на нации со што покажа дека е во добра форма и покрај тоа што веќе сезоната е зад нас, односно се даваат последните напори да се заокружи истата со овие јунски мечеви.

Едно е јасно Мората со неговиот тим ќе мора да го реши клупското прашање затоа што му истече двегодишната позајмица во Јувентус, поточно ќе мора да се врати во Атлетико Мадрид ако нешто не се промени во наредниот период.

Калчолигашот има опција да го задржи, меѓутоа не сака тоа да го направи по претходно договорените услови, бара намалување што секако прави да има неизвесност околу оваа ситуација за која краток коментар имаше самиот шпански репрезентативец.

– Не зависи од мене, не можам ништо да направам. Жената и децата ќе ме следат каде и да треба. Имам преференции и опции, но сакам да одам таму каде што клубот е заинтересиран да игра со мене, – порача Мората.