Капитенот на Италија, Леонардо Бонучи, би можел по само една година да го напушти Милан и да се врати во Јувентус, пренесува Газета дело спорт.
Како што се вели, во Торино стигнала понуда од Милан за Аргентинецот Гонзасол Игуаин вредна 25 милиони евра, плус Бонучи, а претставниците на шампионот на Италија, и покрај бурното разделување со искусниот дефанзивец, побарале повеќе време за да размислат.
Попрецизно, во прашање се разговори со тренерот Масимилијан Алегри и навивачите, имајќи ги предвид тешките зборови кои „паднаа“ откако Бонучи замина во Милан во минатото лето.
За стандардниот италијански репрезентативец заинтересирани се ПСЖ и Манчестер Јунајтед, но…
Со доаѓањето на Кристијано Роналдо, целта на Јувентус е освојување на Лигата на шампионите, а Бонучи со својот квалитет и искуство би можел да помогне, особено што трансферот на Уругваецот Диего Годин од Атлетико Мадрид е се помалку реален.