Тренерот на Рома, Жозе Мурињо коментирајќи ја ситуацијата со Кристијан Ериксен, низ емоции истакна дека во тој момент и Господ гледал фудбал.
-Неможам да престанам на тоа што се случи. Мислам дека е ден за прослава, за добра среќа. За среќа, фудбалот е оден во еден по организиран правец, протоколи, голем број на доктори и специјалисти. Исто така мислам дека во тој момент и Господ гледал фудбал и благодарение на сето тоа Ериксен денеска е со нас и со неговото семејство.
Ова е многу важно за фудбалот, но вислам дека во тој момент беа покажани добрите страни на истиот. Љубовта, солидарноста, семејството. Не беше само неговото семејство, туку фудбалското семејство. Фудбалот ги обединува луѓето. Се молев, плачев, како што верувам дека истото го правеле милиони ширум светот. Фудбалот може да ги обедини луѓето. На крајот можеме да славиме, затоа што Ериксен е жив. Не сум разговарал со него, но вестите се охрабрувачки и добри, и мислам дека време е за славење, истакна Мурињо, пренесуваат странските медиуми.
Кристијан Ериксен и португалскиот стратег во еден момент соработуваа во англискиот премиерлигаш Тотенхем.