петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Мурињо казнет со два натпревари суспензија

Мурињо казнет со два натпревари суспензија

Жозе Мурињо е казнет со два натпревари суспензија да раководи со Рома за испаѓањето во 15. коло од Серија А.

Португалскиот стручњак се судри со судијата на мечот со Торино. И самиот призна дека заслужено заработи црвен картон поради се што му кажа на судијата при ждрепката која ја доби со голот на Немања Матиќ во 94. минута.

Тоа беше правилна одлука на арбитерот. Зборовите што му ги кажав заработија црвен картон. Зборував со него по натпреварот и тој се извини, но не сакам да кажам како судеше. Бев доволно скромен да се извинам, но вие самите проценете што и како направил“, изјави Мурињо по натпреварот.

Интер е казнет со 12.000 евра поради навреда на тренерот на Аталанта, Пјеро Гасперини и пукање со пиротехнички средства во насока на ривалските навивачи. Јувентус е казнет со 5.000 евра поради навредливи извици од дел од својата публика кон навивачите на Лацио.