четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Мурињо на свој начин ги поздрави навивачите на Јувентус (ФОТО)

Мурињо на свој начин ги поздрави навивачите на Јувентус (ФОТО)

Рома иако имаше свои шанси не успеа да дојде до позитивен резултат на гостувањето во Торино кај Јувентус, дуел на кој домаќините славеа минимално со 1-0.

Ова за „волчицата“ беше второ загубено дерби со оглед на тоа што претходно подобар од нив беше и градскиот ривал Лацио (3-2) што секако може да биде проблем за тренерот Жозе Мурињо. Мурињо како и против лацијалите така и против „бјанконерите“ се соочи со непријателска атмосфера, провокации од трибините, па „специјалниот“ не можеше да издржи и во еден момент на свој начин ги поздрави домашните навивачи.

Португалецот покажа три прста алудирајќи на тројната круна со Интер во 2010 година, резултат кој „старата дама“ никогаш го нема оставарено во својата историја.