Тренерот на Рома, Жозе Мурињо ги сумираше впечатоците по мечот со Лестер во полуфиналето на Конференциската лига (1:1).
– Ја губевме топката премногу лесно, стана невозможно да се оди во контранапад, не го правевме тоа баш најдобро. Сепак, можевме да притиснеме и да играме како што сакаме, но со текот на времето изгубивме интензитет. Сигурен сум дека сите навивачи на Рома кои го следеа натпреварот би биле среќни кога би знаеле дека исходот од пресметката ќе биде решен на Олимпико. Знам дека на реваншот и со 70.000 навивачи на стадион и уште повеќе надвор нема да биде лесно. Во недела имаме натпревар против Болоња, екипа која игра многу добро и победува. За разлика од Лестер, треба да се фокусираме на Серија А и да се обидеме да завршиме петти. Треба да заборавиме на полуфиналето три дена и целосно да се фокусираме на Болоња, изјави тренерот на Рома.
Во другото полуфинале, синоќа Фејнорд го совлада Марсеј со 3:2.
Реваншите се закажани за 5 мај, домаќини ќе бидат Рома и Марсеј. Финалето ќе се игра на 25 мај.