Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо повторно не беше премногу среќен од пристапот на новинарите на денешната прес-конференција пред средбата со Вест Бромвич.
„Црвените ѓаволи“ го пречекуваат Албион на „Олд Трафорд“ во недела од 17 часот, но Португалецот не остана задоволен од неколку прашања насочени кон младите таленти Маркус Рашфорд и Антони Марсиал, кои не добиваат доволно време на теренот, што предизвика бран шпекулации за нивно заминување во текот на летото.
– Ако бев јас на ваше место, ќе прашав зошто Ромелу Лукаку или Немања Матиќ играат секој натпревар. Ако сакате сув одговор, тогаш тој е дека само 11 играчи можат да го започнат натпреварот, но ние имаме 22. Тоа е фудбалот, неможеш да имаш само 11 играчи. Ќе беше одлично, ако имавме само 11 играчи, а тие никогаш не се повредуваа, заморуваа или ги казнуваа. Тоа би било одлично, но тоа едноставно не било можно. Ако ме прашате зошто Рашфорд не игра доволно, јас би ви одговорил на друг начин – тоа е фудбалерот со најмногу натпревари откако јас сум во клубот“, изјави денеска Мурињо.
Оваа „престрелка“ со прашања и одговори, заврши со констатација дека голем дел од овие мечеви се како резерва. „Зашто јас така сум одлучил“, беше краткиот одговор на Жозе.