Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, добил уверување дека најдобриот играч на тимот, Хари Кејн ќе остане во „Спарс“ и покрај финансиските тешкотии со кои се соочува клубот поради пандемијата на коронавирус.
Раководството на Тотенхем го извести Мурињо, дека клубот нема да го продаде 26-годишниот англиски фудбалер, како и голем број други клучни играчи, во текот на летото.
Во сезоната 2019/20, Кејн одигра 33 натпревари за Тотенхем, постигна 23 гола и направи две асистенции.