вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Мурињо: Среќен сум што го одбив Милан пред три години

Мурињо: Среќен сум што го одбив Милан пред три години

Португалскиот тренер Жозе Мурињо не беше задоволен од арбитражата на главниот судија на дерби натпреварот кој неговата Рома го загуби со резултат 3:1. Португалецот беше исвиркан од навивачите на Милан пред почетокот на мечот кој заврши со позитивен резултат за домаќините, а Мурињо како поранешен тренер на лутиот градски ривал Интер, обелодени дека пред точни три години го одбил клубот од „Сан Сиро“.

Ми беше понудена работата да го водам Милан пред три години. Се мислев за тоа три дена, но сега сум многу среќен што ја донесов одлуката која ја донесов. Јас сум професионалец, но емоциите се дел од секој човек. Сега сум во Рома и ќе дадам се од себе за доброто на овој клуб. После ова што го видов на „Сан Сиро“ (алудирајќи на свирежите), мило ми е што го одбив Милан, сега сум двојно посреќен за мојата одлука, – заврши Португалецот.