вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Мурињо суспендиран, познато е што му рекол на судијата пред да добие црвен картон

Мурињо суспендиран, познато е што му рекол на судијата пред да добие црвен картон

Жозе Мурињо во саботата на дуелот против Верона заработи директен црвен картон поради навреда кон судијата Лука Паирето, а Серија А го казни стратегот на Рома со два натпревари суспензија.

Според „Ла Стампа“ тренерот му се развикал на судијата: „Од Јувентус те испратија тука со задача, така?“.

 

 

Суспензија заработи и спортскиот директор на Рома, Тијаго Пинто, кој е суспендиран од сите натпревари од 8-ми март.

Казни заработија и помошникот на Мурињо, како и еден од физиотерапевтите.

Португалецот го навредувал Паирето и имитирал како да се јавува на телефон. Тоа била референца за големиот скандал „Калчополи“ по кој Јувентус беше исфрлен во Серија Б во 2006-та година.