среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Мурињо заинтересиран за Заха, гледа замена за Мхитарјан

Мурињо заинтересиран за Заха, гледа замена за Мхитарјан

Фудбалерот од средниот ред на Кристал Палас, Вилфред Заха може да ја продолжи кариерата во Серија А.

За 29-годишниот играч на репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска е заинтересиран тренерот на Рома, Жозе Мурињо кој во него гледа замена за Хенрих Мхитарјан кој замина во Интер.

Цената за трансфер на Заха е значително намалена бидејќи тој може да стане слободен играч за една година.

Сепак, Римјаните сепак ќе мора да продадат еден од играчите од средниот ред – Карлес Перез или Стефан Ел Шарави – за да го купат играчот Заха.