недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Мурињо: Заслужив црвен картон, се му реков на судијата

Мурињо: Заслужив црвен картон, се му реков на судијата

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо призна дека заслужено доби црвен картон на мечот со Торино во 15. коло. Португалецот пред крајот на средбата доби црвен картон поради конфликт со судијата.

Неговиот тим во финишот стигна до еден бод, со промашен пенал и погодена пречка. На крајот Матиќ погоди во мрежата на Торино, и освои бод.

„Тоа беше исправна одлука. За зборовите кои му ги кажав на судијата, заслужив исклучување. Разговарав со него после натпреварот и му се извинив. Бев доволно скромен да се извинам. Не сакам да повторам што му кажав, тоа останува приватно. Заслужено бев исклучен“, рече Мурињо.