понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Мурињо доби понуда од 100 милиони евра

Мурињо доби  понуда од 100 милиони евра

Португалскиот фудбалски стручњак и тренер на Рома, Жозе Мурињо е побаран да го води Ал-Наср. Според „Ас“, на Мурињо му бил понуден договор од 100 милиони евра за две сезони. Ова би му овозможило на Португалецот да стане најплатениот тренер во светот.

Сепак, според шпанскиот весник, Мурињо јасно ставил до знаење дека е фокусиран на работата во Рома и има намера да продолжи да работи во римскиот клуб.

Претходно беше објавено дека Ал-Наср сака да го отпушти Руди Гарсија, бидејќи ѕвездата во тимот Кристијано Роналдо е незадоволен од работата на Шпанецот. Роналдо е убеден дека Ал-Наср е способен да игра на повисоко ниво и да се бори за трофеи. (МИА)