четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Мурињо го има најлошиот сезонски старт во кариерата

Мурињо го има најлошиот сезонски старт во кариерата

Португалскиот стратег Жозе Мурињо не го криеше разочарувањето од катастрофалниот почеток на сезоната во италијанското првенство, откако Рома синоќа загуби од Џенова и го претрпе третиот пораз во шестиот натпревар.

Рома загуби со 1-4 на гостувањето во Џенова, која ја забележа првата победа во меѓусебните дуели по пауза од девет години.

По воведните шест кола во Серија А, Рома е на 16 место со само пет бодови, што го става под голем притисок тимот кој под водство на Мурињо ја освои Конференциската лига во 2022, а минатата сезона загуби во финалето на Лига Европа од Севиља.

„Вистина е дека ова е најлошиот почеток на сезона за Рома и за мене како тренер, но исто така е вистина дека Рома никогаш во својата историја немала можност да игра европски финалиња две години по ред“, рече Мурињо.

Рома в недела ја очекува нов предизвик во Серија А против Фросиноне на домашен терен.

„Ова е екипата која ја имаме и во добро и во лошо. Мораме да одиме напред, немаме време за жалење“, посочи португалскиот тренер.