недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Мурињо: Не мислам дека тренерот е должен да коментира изјави на директорот

Мурињо: Не мислам дека тренерот е должен да коментира изјави на директорот

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, реагираше на зборовите на директорот на римскиот клуб Тијаго Пинто, кој изјави дека „волците“ немаат потреба да потпишуваат нови играчи во јануари.

– Директорот си е директор. Мислам дека тренерот не мора да коментира што вели директорот. Не треба јавно да обелоденувам дали се согласувам со неговото мислење или не, го цитира Мурињо „Фудбал Италија“.

Во натпревар од осминафиналето на Купот на Италија, Рома ја победи Џенова (1:0). Во четвртфиналето, избраниците на Мурињо ќе се соочат со победникот од натпреварот помеѓу Наполи и Кремонезе, кој ќе се одигра на 17 јануари.

Рома по 17 кола е на шестото место во италијанскиот шампионат со 31 бод.