понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Мурињо одбил да стане најплатен тренер во светот!

Мурињо одбил да стане најплатен тренер во светот!

Според информациите на експертот за трансфери Фабрицио Романо, Жозе Мурињо на почетокот на овој месец одбил огромни 30 милиони евра по сезона за да стане тренер на Ал Хилал.

Се шпекулираше и претходно дека Саудијците сакаат да го доведат Мурињо во своето првенство, меѓутоа сега се откриваат и детали за понудата. Мурињо имал неколку состаноци, на кои луѓето од Саудиска Арабија се обидувале да го убедат, но на крајот не се одлучил да ја напушти Рома.

Ако информациите на Романо се точни, тогаш Мурињо со тие 30 милиони евра би станал убедливо најплатен тренер во светот, но Португалецот очигледно има желба и понатаму да работи на проектот со Рома.

Со Рома, Мурињо во последните две сезони ја освои Конференциската лига и играше финале во Лигата на Европа кое го загуби од Севиља оваа сезона.