среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Мурињо: Судијата имаше влијание, изгледаше како правдата да ја дели Шпанец

Мурињо: Судијата имаше влијание, изгледаше како правдата да ја дели Шпанец

Португалецот Жозе Мурињо ги одби шпекулациите дека ќе си замине од Рим и најави дека в понеделник заминува на одмор, но ќе се врати во Италија.

„Севиља е голема екипа и тоа го покажа и вечерва. Искусни се и имаат резерви кои ние ги немаме. Одигравме одлично прво полувреме. Потоа Севиља возврати и се играше израмнето до крајот. Судија имаше влијание на конечниот исход. И повеќе од едно влијание. Изгледаше како правдата да ја дели Шпанец. Што се однесува до медалот, секогаш ги подарувам сребрата, а во мојата колекција ги чувам само златата. Многу ми е жал за поразот, гледам дека страдаат и фудбалерите. Ќе се видиме следната сезона, нема да се селам од Рим и следната сезона пак ќе се обидеме“, рече Мурињо.