четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

На Пирло му се заканува отказ доколку доживее неуспех против Торино и Наполи

На Пирло му се заканува отказ доколку доживее неуспех против Торино и Наполи

Тренерот на Јувентус, Андреа Пирло може да ја изгуби функцијата по натпреварот од Серија А со Наполи в среда на 7 април. Ова го пренесува „La Gazzetta dello Sport“.

Според италијанскиот весник, натпреварите против Торино (3 април) и Наполи ќе бидат решавачки за тренерот на „Старата дама“. Во случај на неуспех на овие средби, поранешниот играч за врска на Италија ќе биде разрешен.

Јувентус испадна од Лигата на шампионите во 1/8 финалето, а во моментов е на третото место во италијанскиот шампионат. Јувентус, под водство на Пирло, освои 55 бода на 27 натпревари во Серија А.

Негативата во однос на водечкиот Интер изнесува 10 бодови. (МИА)