Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Покетино не беше многу заинтересиран да зборува за претстојниот дуел со Манчестер Јунајтед во полуфиналето од ФА купот.
Тој изјави дека освојувањето на трофејот во ова натпреварување не е главен приоритет за Тотенхем до крајот на сезоната и дека е многу поважно да завршат меѓу првите четири во Премиер лигата и да се квалификуваат за Лигата на шампионите.
– Не, ФА Купот не е нашиот врвен приоритет. Ќе играме во полуфиналнето. Дури и да стигнеме до финалето и да го освоиме трофејот, тоа само ќе ни гарантира учество во Лигата на Европа следната година, но нема да не однесе во Лигата на шампионите. Таму можеме да се квалификуваме само ако завршиме во ТОП 4 од табелата во Премиер лигата , истакна Покетино.
Во моментов Тотенхем е на 4. Место во Премиер лигата со осум бода предност во однос на петто пласираниот Челзи. До крајот има да одигра уште четири натпревари.