четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Нагелсман: Меси и Мбапе се опасни само во еден случај

Нагелсман: Меси и Мбапе се опасни само во еден случај

Јулијан Нагелсман го подготвува осминафиналниот натпревар против Баерн со Килијан Мбапе во тимот, нешто што го намириса предводникот на баварците иако француска јавност велеше дека напаѓачот нема да стигне навреме за првиот меч во Лигата на шампионите.

– Не бев сто проценти сигурен дека ќе игра, но реков дека ќе се подготвувам како да ќе игра. Навистина го мислев тоа. Јас не сум доктор и не направив тестови над него. Сега испадна дека сум во право, ако кажев дека го подготвувам натпреварот мислејќи дека Мбапе нема да игра, сите ќе велеа дека Нагелсман е идиот.Лигата на шампионите носи тешки противници. Шансите се 50-50, сакаме да одиграме добро на гости и да имаме добри шанси за домашен терен. Се надевам дека ќе оствариме добар резултат. Главна работа ќе биде да спречиме топката да стигне до Меси, Нејмар или Мбапе. Но ПСЖ не е само тоа, имаат многу брзи бекови и други талентирани играчи. ПСЖ сигурно размислува како да ги сопре и нашите играчи. Кој ќе биде во подобра форма, тој ќе победи. Ако се држиме до нашиот план, Мбапе и Меси не треба да добијат многу простор, нашиот план е да бидеме збиени и да не им дадеме простор. Тие се опасни само во случај кога добиваат многу простор пред себе, – изјави Нагелсман.